
Мислеше дека bucket капите се минато од крајот на 20-тиот век? Размисли повторно. 2024 уште еднаш покажа дека овие капи не само што остануваат, туку и освојуваат.
Bucket капите го имаат тој носталгичен стил од 90-тите кој постојано се враќа во мода,, правејќи ги вистински cross-genre моден класик. Од улиците до модните писти, bucket капите се неопходен додаток за твојот летен уличен стил годинава.
Но, да не должиме, ајде да ги видиме најактуалните bucker капа трендови кои го брануваат светот на уличната мода.
Дрски Принтови и Шари

2024 е годината кога треба да се збогуваш со здодевните, едноставни капи и да ги носиш најдрските принтови и шари. Збориме за животински принтови, тетоважни стилови, tie-dye, па дури и графики од цртани филмови.
На пример, капа со животински принт може да додаде див допир на монохроматска облека, додека tie-dye капа може да донесе забавен, ретро вајб на твојот стил. Не плаши се да комбинираш и различни шари – 2024 е за кршење на правилата со твојот уличен стил.
Оversize Ободи

Поголемото = подобро. Oversize капите се враќаат на големо, обезбедувајќи ти уште поголема заштита од сонцето и доза драма на твојот стил. Oversize bucket капите се одлични за сончеви денови на плажа или релаксирање покрај базенот.
Персонализирани Капи

Персонализацијата е клучна во 2024 година. Покажи карактер и направи ја твојата bucket капа единствена. Се работи за изразување на себеси и издвојување од толпата.
Кога збориме за персонализација, Братот има куп капи со диви принтови, како и tattoo инспирирана персонализација во соработка со MG Tattoo студиото, така што кај нас, сигурно ќе најдеш совршена bucket капа што ќе одговара на твојот стил.
Bratot Apparel: Придружи се на Движењето!
Со својот носталгичен стил и способност да се прилагодат на различни модни правци, bucket капите се неопходен додаток ако сакаш да останеш во тренд.
Дрските принтови, oversize ободите и персонализацијата се само дел од трендовите кои ја одбележаа оваа сезона.
Ѕирни ја нашата колекција и откриј ги најдобрите bucket модели кои ќе го истакнат твојот уникатен стил и ќе ти донесат свежина во твојата гардероба. Нарачај сега и биди дел од движењето!