
Да, знаеме што мислиш – trucker капа? Зарем не е тоа истата капа која татко ми ја носеше на излет? Па, да, на некој начин.
Но, сега заборави на прашливите капи кои ги носеше татко ти – модерните trucker капи се за остри стилови и свежи вибрации.
Затоа, подготви се да научиш зошто trucker капите се неочекуваниот streetwear класик кој ти е потребен сега.
Враќањето на Trucker Капата

Тракерките потекнуваат од 1960-тите кога биле делени од страна на транспортните и агрикултурните компании како промотивни подароци за земјоделците и камионџиите.
Тие всушност имаат и богата streetwear историја. Сети се на златната хип-хоп ера од 1990-тите. Раперите поставија тренд кој продолжува и денес.
Trucker капите се уште владеат на улиците! Таа OG енергија е токму она што ги прави совршени за модерниот streetwear стил, во било која ера.
Денес, стилските икони како Фарел Вилијамс, Џастин Бибер и Ријана се забележани како носат trucker капи, што го зацврстува нивниот статус како неопходен моден додаток.
Игра на Шари и Мрежи

2024 година е за дрски шари и принтови што ја истакнуваат вашата личност. Затоа, не плаши се да експериментираш со шари кои го истакнуваат твојот уникатен стил. (Псст, Братот има неверојатен избор на trucker капи – ѕирни ги тука!).
А штом се наоѓаме во сред прежешко лето, главата треба да ни дише додека истовремено ја штитиме од сонцето. Мрежата на trucker капата овозможува циркулација на воздух, одржувајќи ја главата ладна и удобна, држејќи те со свеж изглед, 24/7.
Изрази се

Trucker капата е одлична ако сакаш да покажеш индивидуалност на улицата. Збориме за сè, од класични везени логоа до дрски графички дизајни. Се чувстуваш како меме? Најди си капа со смешен натпис или поп-културна референца.
Кога веќе збориме за изразување, мора да ја разгледаш нашата колекција на trucker капи инспирирана од уметноста на тетоважите, направена во соработка со светски познатиот tattoo артист Горан Миќиќ.
Оваа колекција содржи уникатни дизајни инспирирани од потписот на tattoo стилот на Горан, при што секоја капа раскажува различна приказна. Гарантираме дека ќе го пронајдеш својот стил!
Носи го Trucker Изгледот
Trucker капите поминаа долг пат од своите корени во рурална Америка до постанувањето на стожери во streetwear модата. Сега, тие се streetwear класик кој е тука да остане!
Најдоброто нешто за trucker капите? Тие се универзални, подобрувајќи го речиси секој streetwear изглед. Пример, може да ги комбинираш со графичка маица и искинати фармерки за одличен streetwear изглед.
Можностите за изразување се бесконечни, така што, дозволи си да блеснеш во Братот trucker капа која зборува место тебе!